
Кон Продавница
Есенски мисли, Акрил на платно
Димензии: 50 x 50 cm
(Напомена: Доставата не е вклучена во цената)
Автори: ЕМИЛИЈА И СТОЈЧЕ ТОЦИНОВСКИ, академски уметници
Авторите, сопружници Емилија и Стојче Тоциновски, се академски ликовни уметници дипломирани во 1999 год. на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и припаѓаат на младата генерација сликари во современото македонско сликарство.
Како ликовни творци кои заемно творат на исто платно создале свој свет и на сопствен начин ги пресоздаваат човекот, животот и светот, со што ги предочуваат вредносните аспекти на своето творештво. Често претставуваат нови циклуси, нeповторени со нови идеи.
Нивната мисловна ангажираност, бујната имагинација и сензибилитет, како и истражувачката енергија и експресија резултираат во автономни творби со содржина помеѓу слободата на тематскиот слој и ликовната претстава.
Водени се од мотиви со нагласена поетска симболика на модерен ликовен израз. Тоа се дела работени со многу топлина и љубов, лесни, чисти, одмерени со рафинирани потези на педантна изработка. Сликите се со различна мотивска содржина на предметот и просторот како и распоредот на ликовните елементи кои упатуваат на цврста и компактна композиција. Се карактеризираат со интензивен, впечатлив хроматски усогласен колорит, внимателно бирани нијанси за да се воспостави спој помеѓу боите благодарение на нивното извонредно чувство.
Учесници се на голем број групни изложби и ликовни колонии во земјава и странство.
Награди:
2012 10 – ти Салон на стрип, Награда за дебитантски стрип Марко Крале – три наречници, Ликовен салон, Велес
2018 Анри Динан – признание за волонтерство, Црвен крст на Р Македонија
2019 Un maestro per un anno un libro per sempre, прва награда, Gallery Art Casa Mexicana, Бари, Р Италија
Самостојни изложби:
2013 Вечерно матине, Ликовен салон на град Велес, Велес
2014 Минијатурни пејзажи, МКД Илинден, Риека, Р Хрватска
2014 Ликовна презентација Пејзажи на Полска традиционална вечер Andrzejki Македонско –Полско културно друштво Вардар,Скопје
2016 У центру, Културен дом Повљана, остров Паг, Р Хрватска
2017 У центру тачка, Културен дом Повљана, остров Паг, Р Хрватска
2018 У заљиву мора, Градска библиотека, Задар, Р Хрватска
2018 Откривајучи отоке, Културен дом Повљана, остров Паг, Р Хрватска
2019 Галоп сјена, Културен Центар Карло Ројц, Пула, Р Хрватска
2019 Кас коња, Културен центар Повљана, остров Паг, Р Хрватска
2019 Галоп коња, Научна библиотека, Задар, Р Хрватска